ММС

Објавено на: 03/28/21 10:57 AM

На Деве Баир била запрена пратка од 920 бугарски книги, бугарската амабасада со протестна нота

До македонското Министерство за надворешни работи била упатена протестна нота поради тоа што, како што објави министерката Екатерина Захариева на својот Фејсбук профил, царинските службеници на Граничниот премин Деве Баир не му дозволиле на бугарски државјанин да внесе во Македонија бугарски книги.

„Амбасадата на Бугарија во Скопје упати протестна нота до МНР на С Македонија за одлуката на царинските власти на ГП ‘Деве Баир’ за запирање на пратка од 920 бугарски книги за Бугарскиот културно-информативен центар во РСМ. Примероците од ‘Бугарски народни песни од браќата Миладинови’ беа пренесувани од бугарскиот државјанин Виктор Стојанов, кој на граничниот премин ‘Деве Баир’ го покажал договорот за донација со кој книгите ќе бидат доставени во нашиот културен центар“, пишува Захариева.

Таа уште додава дека и покрај тоа што бугарскиот конзул од Скопје дошол на Деве Баир цариниците тврделе дека била потребна дозвола од македонското Министерство за надворешни работи, во согласност со Министерството за култура.

Со нотата, како што објави Захариева на фејсбук, амбасадата бара објасување „зошто се наметнува посебно овластување за увоз на литература од земја членка на ЕУ, што никаде не е регулирано и апсурдно е да се случува во 2021 година во земја која тврди дека сака да влезе во ЕУ“.

Книгите со наслов „Бугарски народни песни од Браќата Миладинови“ биле пренесувани од бугарскиот државјанин Виктор Стојанов, кој, според бугарското МНР, покажал договор за донација, со којшто книгите требале да бидат доставени до културниот центар.
Како што се наведува во соопштението на бугарското МНР, и покрај присуството на конзул од амбасадата во Скопје на граничниот премин, царинските власти изјавиле дека е неопходна дозвола од МНР на Северна Македонија, во согласност и со Министерството за култура на С Македонија.
Со нотата Амбасадата на Бугарија во Скопје бара објаснувања зошто се бара дозвола за влез на литература од земја-членка на ЕУ, и тврдат дека такво нешто не е регулирано никаде и е апсурдно да се случува во 2021 година во држава која сака да се присоедини кон ЕУ. Оттаму, додава дописникот на МИА во Софија, навдуваат и дека за ова ќе бидат запознаени и Европската комисија и амбасадите на државите членки во Скопје.

В.Кр


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1