ММС

Објавено на: 03/28/21 10:28 AM

Полицискиот час го прекршиле 22 лица, 657 добиле казни за неносење маска

Од 22.00 часот синоќа до 5.00 часот утрово констатирано е дека 22 лица не ја почитувале забраната за движење, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Во текот на изминатото деноноќие, пак, на територијата на Северна Македонија, за мерката за задолжително носење лична заштита на лице, регистрирани се 657 прекршоци.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на Ковид-19.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1