ММС

Објавено на: 03/28/21 9:20 AM

АМСМ: На Табановце и денес за излез се чека 40 минути

На граничниот премин Табановце, поради зголемен интензитет, чекањето за излез од државата е околу 40 минути, информира Автомотосојузот во утринскиот извештај за состојбата на патиштата.

Викендов наши државјани одат да се вакцинираат во Србија, што предизвика застои и чекање на границата.

На останатите гранични премини, од македонската страна нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.