ММС

Објавено на: 03/27/21 5:12 PM

Утре сончево и топло, максимални 21 степен

Денеска преовладуваше сончево со мала до умерена локална облачност, која во западните делови во текот на ноќта ќе се зголеми, а на истокот ќе се задржи ведро и тивко.

Утре не очекува повторно сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 13 до 21 степен.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 18 степени.

Следува период на претежно стабилно и потопло време со пораст на температурите. Локални слаби врнежи од дожд се очекуваат во вторник и среда.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1