ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 03/27/21 2:38 PM

Ако немате термин не доаѓајте за џабе – Важна информација за странците кои се вакцинираат во Србија

Директорот на Канцеларијата за е-управа, Михаило Јовановиќ, ги повика граѓаните на соседните земји, кои немаат закажано термин за вакцинација, да не доаѓаат во Србија, бидејќи нема да бидат вакцинирани.

Јовановиќ потсети дека има договор меѓу стопанските комори во регионот за вакцинирање на бизнисмени, а сите што се пријавиле на тој начин и добиле термин преку порталот за е-управа, ќе бидат вакцинирани.

Исто така, на порталот, покрај српските државјани, странски државјани со и без престој во Србија можат да го изразат својот интерес за вакцинација против Ковид-19, по што ќе добијат термин.

„Сите други треба да знаат дека, ако немаат термин, нема да можат да се вакцинираат“, рече Јовановиќ за Танјуг.

Денес и утре, во Белград и Нови Сад, можат да се вакцинираат странски државјани, кои имаат закажано термин. Вакцинацијата на бизнисмени од регионот започна денес во Србија, за што ПКС обезбеди 10.000 вакцини.

Околу 7.500 бизнисмени од економиите на регионот на Западен Балкан се пријавија за вакцинација викендов во Србија, што беше обезбедено преку регионалниот форум за инвестиции во соработка со владата на Србија.

Претседателот на ПКС, Марко Чадеш, посочи дека вакцинирањето на бизнисмените во регионот е важно затоа што тие  во деловните активности се упатени едни на други и патуваат многу.

Извор и фото: nova.rs


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1