ММС

Објавено на: 03/27/21 12:15 PM

(Видео) Колони возила на граничните премини за влез во Србија

Колони возила чекаат на граничните премини за влез во Србија поради почетокот на бесплатната вакцинација на странските граѓани во Белград за време на викендот. Најголема гужва има на премините со Босна и Херцеговина, јавува Б92.рс.

Камерите на српското министерство за внатрешни работи покажуваат колони возила на влезот во Србија на скоро сите премини за влез во државата.

Стопанската комора на Србија, во соработка со Владата на Србија, обезбеди 10.000 вакцини за бизнисмени и вработени од регионот како дел од имунизацијата на илјадници наши бизнисмени и вработени во компаниите.

Така, викендов беше организирана вакцинација во Белград за бизнисмени и нивни вработени од Босна и Херцеговина, Црна Гора, Северна Македонија, Албанија, како и за косовски бизнисмени.

 

Извор, фото и видео: b92.net

А еве како изгледал граничниотпремин ТГабановце утрово во 10 часот.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1