ММС

Објавено на: 03/27/21 12:03 PM

Извршувањето на пописот нема да биде поразлично од контактот што го правиме со продавачот во продавница, изјави Ненад Коциќ од СДСМ(видео)

Извршувањето на пописот нема да биде поразлично од контактот што го правиме со продавачот во продавница. На попишувачот му се дава лична карта, тој се оддалечува на отворен простор, ве запишува и ви ја враќа личната карта. Со почитување на мерките пописот е безбеден и не е анти-македонски, изјави пратеникот на СДСМ, Ненад Коциќ, во гостувањето на емисијата „Стадион“ на Радио Канал 77.

-Не се води анти-македонски попис, дозволете да се изврши пописот со почитување на мерките. Извршувањето на истиот нема да биде различно со контактот што го правиме со продавачот во продавница. Му даваш лична карта, попишувачот се оддалечува на два метри, на отворен простор, во ходникот на зградата, тој ве запишува и ви ја враќа личната карта. Попишувачот ќе ги следи сите протоколи, маска, заштита, ракавици, вели Коциќ.

Пратеникот од редовите на владејачката партија го обвини ВМРО-ДПМНЕ дека свесно го опструирале парламентот со цел да се предизвика ширење на коронавирусот, поднесувајќи илјадници амандмани за промена на деловникот.

-Довербата кај народот ВМРО-ДПМНЕ ја нема. Прво се надеваа дека ќе заболеме од коронавирус, па потоа илјадници амандмани поднесоа за промена на деловникот. Свесно ја опструираа промената со цел да предизвикаат ширење на вирусот. Јас иницирав онлајн седници, како што е случај во Европскиот парламент, додава Коциќ.

Тој од позиција на народен избраник, но и од позиција на лекар, изјави дека е горд со здравството во Македонија бидејќи од првиот момент сите здравствени работници се борат како лавови во интерес на здравјето на граѓаните.

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1