ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 03/27/21 9:04 AM

Почина претседателот на здружението „Тиквешки лозаро-овоштари”, Златан Стојчев

Почина претседател на Регионалното здружение „Тиквешки лозаро-овоштари”, Златан Стојчев. Од Здружението утрово за МИА изјавија дека загубиле вреден човек, кој се грижел за околу 500 декари земјоделски имот во родното кавадаречко село Сопот.

– Изгубивме исто така борец за правата на лозарите, за подобри услови во лозарството, повисоки цени за килограм грозје и поредовна исплата на родот од лозјата, нагласија од  Здружението.

 

На 21 јуни ќе полнеше 69 години.

Од семејството на Стојчев, кој го имаше прекарот ,,Американецот”, за МИА потврдија дека тој починал после компликации по операција против крварење  во мозокот и мозочен удар.

– Ја преживеа операцијата, но не се избори до крај. Многу животни битки доби, за многу работи се бореше, но оваа, за жал,  ја изгуби, рекоа од семејството.

 

 

 

Извор:

mia.mk


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7