ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 03/26/21 10:32 AM

Јункер: ЕУ треба да стави крај на „глупавата војна околу вакцините“

Европската унија беше премногу внимателна и загрижена за буџетот во однос на вакцинацијата против ковид-19 и би требало да престане да води „глупава војна околу вакцините“ со Велика Британија – изјави поранешниот претседател на ЕК, Жан Клод Јункер, пренесува Гардијан.

Јункер, на чие место во 2019 година дојде Урсула фон дер Лајен, неповолно го оцени пристапот на ЕУ кон вакцинирањето во споредба со Велика Британија, каде што тој процес оди побргу. Исто така, тој изјави дека „не е љубител“ на механизмите на Комисијата за одобрување на извозот, според кој службените лица се овластени да забрануваат пратки бидејќи тоа би можело да нанесе голема штета на репутацијата на ЕУ, која некогаш беше светски првак во слободната трговија.

„Мислам дека може да се повлечеме од војната за вакцини. Ние не сме во војна и не сме непријатели, ние сме сојузници“, порака поранешниот претседател на ЕК.

Јункер истакна дека повеќе би сакал Комисијата да се одлучи за дијалог наместо за закани и дека Комисијата и државите членки на ЕУ направиле голема грешка во пристапот на воведување вакцинација.

„Британија е во предност од повеќе причини, бидејќи донесе одлука да има итен пристап заснован на одлуки, додека ЕУ, Комисијата и членките не водеа сметка за буџетот. Бевме премногу внимателни“, заклучи тој.

Прашан дали актуелната претседателка на ЕК би требало да поднесе оставка, Јункер одгвори дека не верува оти тоа би било примерно.

„Тоа не се пропусти на Комисијата. Тоа се заеднички неуспеси на земјите членки и затоа мислам дека смената на госпоѓата Фон дер Лајен не би било од помош. Напротив, ќе продолжи доцнењето за кое сме одговорни“, додаде тој.

Тој посочи дека е премнгу лесно целата одговорност да се стави како товар на грбот на Комисијата и дека сите членки се одговорни „со оглед на бирократскиот пристап кој го имаа некои од нив“.

Набавката на вакцините во ЕУ исто така беше во застој повеќе од два месец ланската година бидејќи бројни држави членки одбија да го преземат својот удел поради ризикот дека можеби ќе потрошат пари на производ кој би можел да се покаже како неефикасен – пишува Гардијан.

 

Фото: Facebook /   Jean-Claude Juncker

Извор: rtv.rs


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7