На 24 години имала ниво на плодност како на 45-годишна жена: Меган Енис се избори со ракот и сега ужива со своето синче
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 03/25/21 4:34 PM

На 24 години имала ниво на плодност како на 45-годишна жена: Меган Енис се избори со ракот и сега ужива со своето синче

Меган Енис од Даблин имала само 24 години кога открила дека има малигна болест на лимфниот систем. Едно утро во април 2017 година, таа се разбудила со болки во градите. Иако не мислела дека е нешто сериозно, веднаш открила на лекар.

„Се разбудив со блага болка на левата страна на градите. Чувствував болка само кога ќе сакав длабоко да земам воздух“, се сеќава Меган. Девојката мислела дека има инфекција на градниот кош или нешто слично. Сепак, откако направила крвна анализа и рендгенско снимање, лекарите забележале дека има оштетување на белите дробови и ја пратиле на дополнителни тестови, но и на биопсија.

„Две недели подоцна ја добив дијагнозата. Дознав дека имам лимфом кој беше дијагностициран како дифузен Не-Хочкинов лимфом“, објаснува девојката. Меган се обидела да остане позитивна во текот на лекувањето, дури и кога нејзиниот изглед почнал драстично да се менува.

„Почнав со хемотерапија и две недели подоцна почна да ми паѓа косата, па мајка ми ми ја истрижа косата. Воопшто не носев перика“, раскажува дваесет и седумгодишната Меган. Таа се борела со сета сила и одлучила дека нема да дозволи ракот да и’ ја одземе радоста.

„Не тврдам дека немав лоши и тешки денови, но позитивниот став ми помогна многу“, додава таа.

„Медицинските сестри, лекарите и воопшто целиот персонал во болницата беа неверојатни. Запознав многу луѓе и тоа ми помогна да останам позитивна“, искрена е Меган. Меѓутоа, најтешко и паднало тоа што не замрзнала јајце клетки пред хемотерапијата. Во тој момент тоа значело дека Меган веројатно нема да може да роди деца.

„Кога ми кажаа дека имам рак не ми падна на памет дека хемотерапијата ќе може да влијае на плодноста“, вели девојката.

Лекарите и’ рекле дека замрзнувањето јајце клетки не е опција, бидејќи ракот бил исклучително агресивен.

„Тоа за мене беше најтешко. Не ми пречеше што ја изгубив косата или што се здебелив поради лековите. Не ми пречеа ниту другите несакани ефекти од хемотерапијата, но тоа дека нема да можам да станам мајка целосно ме скрши“, се сеќава Меган.

Сепак, но ноември 2017 година лекарите и’ кажале дека е во ремисија и ја упатиле да направи дополнителни тестирања.

„По неколку недели добив не така добра вест, дека нивото на плодност на моето тело е отприлика како кај четириесет и петгодишна жена. Тоа не е баш нешто што девојка од 24 години сака да го слушне“, се сеќава таа на тешките денови.

Сепак, Меган не изгубила надеж. Следната година таа повторно отишла на тестирање. Резултатите не биле нешто подобри, а лекарите и’ соопштиле дека нејзиниот организам не е компатибилен за вештачко оплодување.

Токму затоа, Меган не можела да верува кога неколку месеци подоцна, дознала дека во себе има „мало чудо“.

„Јас и мојот партнер Ерон требаше да се вратиме кај лекарите во септември и да видиме дали постојат некакви можности, но јас забременив во јуни 2019 година. Тоа беше надреален момент кога дознавме“, истакнува девојката.

Лекарите биле многу скептични знаејќи ја нејзината медицинска историја, но сепак Меган се надевала дека нејзината бременост ќе помине нормално. Веќе во март 2020 година, таа и нејзиниот партнер добиле синче и тоа неколку дена пред Ирска да воведе карантин поради пандемијата со ковид-19.

„Не можам да опишам како се чувствував кога се роди Тајг – целосно надреално доживување. Тој е моето најголемо достигнување, понекогаш се преиспитувам дали работите ги правам правилно, но гледајќи го неговото среќно и насмеано лице, ми делува дека барем нешто правам како што треба“, вели среќната мајка.

На прашањето дали има совет за луѓето кои неодамна биле дијагностицирани со рак, таа советува:

„Обидете се да останете позитивни, пронајдете работи кои ќе ве смеат и разведруваат. Тоа најмноогу ќе ви помогне да стекнете сила за борбата против оваа болест. Разговарајте с луѓето, не кријте ги своите чувства. Слушајте г своето тело, ако сметате дека нешто не е во ред, проверете. Ите само едно тело, чувајте го“.

Меган нагласува дека болеста ја научила да ги цени малите работи во животот и дека никогаш не треба да се губи надеж, дури и икога ситуацијата делува дека нема излез.

Никогаш не знаете што ви носи утрешиот ден – заклучува младата мајка.

 

Извор:  telegraf.rs


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7