– ММС
Кошарка Спорт

Коби се враќа да игра зааедно со Леброн (видео)?

Најдобриот играч во НБА лигата, Леброн Џејмс во наредната сезона ќе биде дел од тимот на Лос Анџелес Лејкерс, но уште од сега има прашања и дилеми за тоа што „кралот“ може да направи со овој состав на „езерџиите“. Со Леброн пристигнаа искусните Рондо, Стивенсон, МекГи и Бизли, а тука се и талентираните Инграм, Бол, Кузма и Харт…, па на хартија овој состав е полн со многу квалитет, но и карактери кои во секој момент можат да ескплодираат и направат проблеми.

Но, една дилема меѓу навивачите остана да виси со последната изјава на легендарниот Шекил О’Нил. Тој во негов стил пушти непотврдена информација во јавноста дека во тимот се враќи Коби Брајант и повторно се активира од ,,пензија” за да го облече дресот на ЛА Лејкерс заедно Леброн Џејмс.

Очигледно О’Нил знае како да пушти ,,бубачки” во јавноста, ако се знае дека медиумот кој му ја пренесе неговата информација секогаш се први кои дознаваат, но овој пат американската кошаркарска легенда ги ,,зезна” со ова инфо, особено ако се знае Брајант дека е две години надвор од кошарката и дека последната сезона се откажа само поради повредите кои ги влечеше последните години од својата кариера.

Преземено од: Дерби

 

Лограње

X

Регистрација