ММС

Објавено на: 03/25/21 11:26 AM

Приведени 21 лице, запленети дрога, пари, автомобили, мобилни во полициска акција

Приведени се 21 лице, пронајдена и запленета е дрога, пари, автомобили, мобилни телефони, во денешната полициска акција во Грчец, Гази баба, Чаир и Синѓелиќ.

Извори од истрагата посочуваат дека уапсените се веќе во полициска станица по што ќе бидат предадени на надлежен обвинител и изнесени пред суд.

Акцијата што ја води Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, Скопје во координација со МВР, е за апсење организирана криминална група за трговија со дрога.

Од МВР највуваат повеќе детали откако ќе заврши акцијата.

 

МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.