ММС

Објавено на: 03/25/21 9:33 AM

Сопругата се простува од д-р Александар Шиколе

По кратко боледување почина познатиот нефролог, д-р Александар Шиколе (67), професор на Медицинскиот факултет од Скопје. Подолго време беше директор на Клиниката за нефрологија.

Доктор Шиколе докторирал во 1994 година од областа на примената на еритропоетинот кај пациенти лекувани со хемодијализа. Дома и во странство објавил над 250 труда од неговата специјалност.

Неговата сопруга Грета Шиколе на социјалните мрежи се прости од него.

„Сакан мој Александар,сопатник, сопруг, прекрасен татко на нашите деца и посебно сакан од твојот внук Калин. Денеска твојата Гретка е многу тажна.Судбина. Денеска се молам за тебе, за твоето срце ослободено од тага,за душата ослободена од грижи, за телото ослободено од болка и ден полн со Божји благослов. Во името на Господ барам милост за твојата чиста душа. Амен!, напиша Грета Шиколе.

 

Фото: ФБ


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1