ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 03/25/21 9:39 AM

Британскиот сој опасен и за животните? Научниците ја истражуваат врската меѓу новата варијанта на вирусот и срцевите заболувања кај милениците

Ветеринарите од Велика Британија предупредуваат на можна врска меѓу новата британска варијанта на коронавирусот и проблеми со срцето кај мачките и кучињата, по  се поголемит број домашни миленици заболени од миокардитис кои се згижени вo специјалната ветеринарска болница во Бакингемшир во текот на вториот бран од пандемијата.

Не сакаме без потреба да шириме паника, особено затоа што сега имаме јак сомнеж дека е можен пренос на вирусот од човек на домашен миленик. Од друга страна, животните не може да го пренесат вирусот на човек и тоа е сосема сигурно. Сепак, сакаме да апелираме ветеринарите да ги тестираат животните доколку постои сомнеж за инфекцина со кронавирусот – вели Лука Ферасин, кардиолог во Ветеринарниот центар Ралф, кој го спровел истражувањето.

Британскиот сој на коронавирусот кој е мнгу заразен, за првпат беше ткриен во декември лани и набргу стана доминантна мутација во Велика Британија. Со него се инфицирани околу 95 проценти од случаите, а тој досега е детектирај во најмалку 85 држави ширум светот – пишува Гардијан.

И претходно постоеја податоци за заразуање на мачки и кучиња, меѓутоа тогаш симптомите беа генерално респираторни. Случаите во Бакингемшир се меѓу првите во кои се забележани инфицирани животни со британскиот сој на коронавирусот. Ферасин и неговит тим апелираат до своите колеги да ги тестираат мачките и кучињата кои имаат симптоми, особено ако и нивните сопственици имаат ковид-19.

Ветеринарите се надеваат дека ваквото следење ќе им помгне подобро да разберат како новата варијанта влијае на овие животни, но и да ја разберат потенцијалната улога во пренесувањето на вирусот. Во временскиот период од декември до февруари, Ферасин и неговите соработници забележале дека е зголемен бројот на кучиња и мачки примени во нивната ветеринарна установа со симптоми на миокардитис (болест на срцето). Бројот на случаи не бил огромен, вкупно 18, но бил поголем од она што вообичаен се регистрира на годишно нив.

Животните имале симптоми како аритмија и зголемен апетит. Две животни дури и се онесвестиле. Тестовите потоа покажале дека имаат миокардитис. Тие заклучиле дека сопствениците имале симптоми на ковид или биле позитивни три до шест недели пред разболувањето на нивните домашни миленици.

 

Извор:   blic.rs


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7