Еко автобусите во Скопје придонесуваат намалување за 700% на загадувањето на воздухот
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 03/24/21 8:02 PM

Еко автобусите во Скопје придонесуваат намалување за 700% на загадувањето на воздухот

Скопскиот сообраќај со години претставува еден од факторите кои влијаат на загадувањето на воздухот во градот. Токму затоа општина Град Скопје интензивно работи на решвањето на овој проблем. Една од мерките со која пркоси Град Скопје на загадувањето на воздухот е набавката на новите 33 еко автобуси на гас.
„Новите еко градски автобуси се подобри од претходните на секое поле: поголем вкупен капацитет на патници, значително помала потрошувачка по автобус со која годишната заштеда на гориво изнесува дури 25.000 евра од еден автобус, и најважно од сѐ – намалување за 700% на загадувањето (ПМ честички)“, напиша градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов на неговиот Фејсбук профил.
Од општината веруваат дека овој проект е една од поважните компоненти од проектот за намалување на загадувањето, и со пуштањето на еко автобусите во сообраќајот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7