ММС

Објавено на: 03/24/21 5:20 PM

Касиер украл пари од гимнастичарски клуб, па лажел дека го ограбиле

Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе Обвинителен предлог до Основниот суд во Неготино против 22-годишен жител на Неготино за сторени кривични дела „затајување“ и „лажно пријавување на кривично дело“.

Како што денеска соопшти Јавно обвинителство на Република Северна Македонија, обвинетиот на 7 декември 2020 година противправно за себе присвоил подвижни предмети – пари во износ од 75.800 денари кои му биле доверени нему, како лице вработено во оштетеното правно лице.

– Тој бил вработен како касиер за исплата на добивки во гимнастичарски клуб „Соколи тим“ од Неготино. Следниот ден, на 8 декември 2020 година во 9:30 часот, обвинетиот во полициска станица во Неготино лажно пријавил, иако знаел дека кривичното дело не е сторено,  дека врз него две непознати лица извршиле разбојништво,  му одзеле парични средства во висина од 75,800 денари кои биле во сопственост на правното лице и му нанеле телеси повреди, соопштија денеска од Јавно обвинителство на Република Северна Македонија


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1