Усвоен Предлог-законот со кој се дозволува Путин да се кандидира за уште два мандата
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 03/24/21 2:25 PM

Усвоен Предлог-законот со кој се дозволува Путин да се кандидира за уште два мандата

Долниот дом на рускиот Парламент – Државната дума – денеска го усвои третото читање на Нацрт-законот, со кој се дозволува на актуелниот претседател Владимир Путин да се кандидира за уште два мандата, јавува Агенција Анадолија (АА).

Освен преуредувањето на претходните мандати за функцијата претседател, законот поставува одредени услови за претседателски кандидати како што се руското државјанство и минимална возраст од 35 години. Кандидатите мора да имаат континуиран престој во Русија најмалку 25 години и да немале и немаат државјанство или дозвола за престој во друга држава.

Оваа одредба не се однесува на Русите кои „претходно имаат државјанство на држава или дел припоен во Руската Федерација според Федералниот уставен закон“.

Исто така, Законот воведува старосна граница од 30 години за лицето кое ја извршува функцијата претседател на Централната изборна комисија, како и услов да биде руски државјанин.

Минатата година Русија одржа гласање за уставните амандмани, а по гласањето, руските законодавци започнаа да го усогласат постојниот закон со новата верзија на Уставот.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7