ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 03/24/21 11:43 AM

Почина Власта Велисављевиќ од „Бољи живот“

Актерот, Власта Велисављевиќ пред неколку дена беше хоспитализиран поради симптоми на корона вирусот. Актерот се бореше со вирусот, а како што потврди неговата сопруга Нада за B92.net, тој ја загуби битката.

Тој се оженил три пати. Со неговата прва сопруга Божана, тој ја има ќерката Дубравка, која живее во Америка. Таа е мажена за Американец и има две деца, синот Чејс и ќерката Лори.

Неговиот трет брак, сепак, беше најуспешен. Пред повеќе од 40 години се ожени со Нада, која по професија е архитект.

Во некои интервјуа Власта знаеше и да се пошегува на своја сметка кога станува збор за жените.

-Жена ми Нада ме прашува што и доаѓа  Деса (мајка на мојата прва сопруга), а јас и одговорив: „Па, претпоставувам свекрва, исто како мене“. Инаку, кога ќерка ми ќе дојдеше во Белград од Америка, сите ќе се среќававме: Мојата сегашна сопруга, нејзината мајка, мојата прва сопруга, па дури и нејзината мајка Деса. Обично седевме во кафулето „Три шапки“ и кога малото друштво беше добро расположено, ќе започнеше приказната за мене. Секој од нив знаеше сè за мене, дури и повеќе отколку што јас самиот знам., ова го изјави одмана актерот.

Големата страст на актерот му беше  риболовот. Тој ловел риба  скоро на сите реки што течеле низ поранешна Југославија.

Тој е доживотен почесен член на Југословенскиот драмски театар.

Роден е на 28 јули 1926 година во Белград. Помина повеќе од 70 години на сцената, а за тоа време играше повеќе од 350 улоги, поради што многумина го сметаат за српска актерска легенда. За својата работа доби бројни награди, а последната и омилена е што беше прогласен за доживотен почесен член на Југословенскиот драмски театар (ЈДП).

 

Извор и фото: Еспресо.рс

 

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7