ММС

Објавено на: 03/24/21 8:43 AM

Влада:Летното сметање на времето почнува од недела, исплатата на пензиите од понеделник

Македонската влада на синоќешната седница донесе одлука со која, летното сметање на времето во 2021 година да започне на 28 март во 02:00 часот.

На седницата е одлучено етапната исплата на мартовските пензии да почне одп онеделник, 29 март. Владата го задолжи Фондот на пензиско и инвалидско осигурување најдоцна до 26 март да ги достави податоците за пензиите до деловните банки.

Банките готовинската исплата на пензии ќе ја организираат во четири групи:

– За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 29.03.2021 година (понеделник);
– За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 30.03.2021 година (вторник);
– За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 31.03.2021 година (среда); и
– За пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 01.04.2021 година (четврток).


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1