ММС

Објавено на: 03/24/21 8:26 AM

АМСМ: Снег на Плетвар,воведена па укината забрана за камиони

АМСМ соопштува дека сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. Врнежи од снег има во Маврово и на планинските премини Стража и Плетвар.Половина час траеше забраната за движење на камиони  Прилеп – Градско преку планинскиот превој Плетвар, додека од 08.15 часот забраната е укината, соопшти јавното претпријатие „Македонија пат“.

На останатите патни правци низ државата сообраќајот се одвива по влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег.

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1