ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 03/23/21 10:17 PM

„Купете два негативни тестови и третиот го добивате бесплатно“ – Вакцини и ковид пасоши по високи цени се продаваат на црниот пазар

Истражувачите велат дека е забележано нагло зголемување на огласите за вакцини на црниот пазар, додека Би-Би-Си не успеа да провери дали вакцините се вистински.

Дојде и до тоа – вакцини против Ковид 19, ковид пасоши, како и лажни негативни тестови се продаваат на црниот пазар или „dark web“ (мрачната страна на интернетот), а се работи за дел од интернетот на кој може да се пристапи само преку одредени алатки.

Цената на вакцини АстраЗенека, Спутник, Синофарм или Џонсон&Џонсон се движат од 500 до 750 долари. Исто така, анонимни трговци продаваат и лажни потврди за вакцинација кои можат да се купат на исто место за 150 долари, пренесува Би-Би-Си.

Истражувачите велат дека е забележано нагло зголемување на бројот на огласи поврзани со вакцините.

Поради тоа, огласите ги пратат истражувачите за сајбер безбедност Чек Поинт кои ги следат хакерските форуми и другите пазари од јануари, кога се појавија првите огласи за вакцини и сертификати.

Чек Поинт истражувачите нагласуваат дека бројот на огласи троструко, попрецизно, бројот на огласи се зголемил на повеќе од 1.200.

Цените превисоки

Според прибраните податоци, истражувачкиот тим смета дека се работи за трговци од САД, Шпанија, Англија, Франција и Русија, а тоа во прилог одат огласи на руски и англиски јазик.

Во огласите вакцината на АстраЗенека се продава за помалку од 500 долари, додека цената на Џонсон&Џонсон и Спутник се движи околу 600 долари, а Синофарм за 750 долари.

Дури е понудена и опција за итни случаи и тоа веднаш наредниот ден од пораката: „За ноќна достава / итни случаи, оставете ни порака“.

Еден од огласите на хакерскиот форум нуди и лажни негативни резултати од тестови на коронавирус, како што стои, „за патување во странство, за вработување и сл. Купете два негативни тестови и третиот го добивате бесплатно“.

Истражувачкиот тим „Чек Поинт“ ги советува земјите да го усвојат системот за QR-код во документацијата за вакцините за да се отежне фалсификувањето.

Извор: Ртл.хр


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7