ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 03/23/21 8:08 PM

Македонски медиумски работници се вакцинираа против Ковид-19 во Врање

Сто и пет медиумски работници од Северна Македонија денеска беа вакцинирани со антиковид вакцината „АстраЗенека“ во Институтот за јавно здравје во Врање, Република Србија.

Вакцините за македонски новинари беа обезбедени на барање на Македонското здружение на новинари (МАН) во соработка со партнерското Здружение на новинари на Србија, со поддршка на канцеларијата на српскиот претседател.

За новинарите од С. Македонија кои аплицираа за вакцинација, беше организиран превоз.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7