ММС

Објавено на: 03/23/21 6:22 PM

Расте бројот на хоспитализирани и на кислородна поддршка во велешката болница

Во велешката болница вкупно се хоспитализирани 78 пациенти, од кои 50 се потврдени позитивни, 19 сомнителни и девет пациенти со негативен брис, но задржани на болничко лекување. На кислородна поддршка се 32 пациенти, информира портпаролот д-р Елеонора Јованова.

Денеска има и осум оздравени пациенти испишани од болница со по еден негативен тест.

Споредено со изминатиот четврток 18 март имаше 58 хоспитализирани и 50 потврдени,а 28 беа на кислородна поддршка информира д-р Јованова.

Во текот на вчерашниот ден еден транспорт во ковид центарот на Клиника за неврологија.

Додека пак, во текот на вчерашната ноќ почината е пациентка на 71 годишна возраст, од Велес, позитивна, лекувана на инфективно одделение четири дена.

На Инфективно одделение има 48 пациенти, во Модуларна болница 18 пациенти и на Интерно 12 пациенти.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1