ММС

Објавено на: 03/23/21 8:00 AM

Шал, капа и чадор уште три дена, од петок затоплување

Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди. На места ќе има повремен снег, а во југоисточните делови дожд и снег со послаб интензитет. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 0, а максималната од 2 до 9 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со умерен до засилен северен ветер. Повремено ќе има услови за провејување снег. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 5 степени

Според најавата на УХМР,  во следните два дена ќе има повремени локални врнежи, претежно од снег со послаб интензитет. Ќе дува засилен северен ветер, кој локално ќе достигнува брзина над 60 километри на час.

Од четврток ќе има стабилизирање на времето со пораст на дневните температури, додека утринските до крајот на работната недела насекаде ќе бидат под нула.

Снежната покривка утрово најголема беше во Маврово- 41 сантиметри,  33 Пожаране, Крушево, 27 Попова Шапка, 24 Дебар, Тополчани, 15 Претор, 13 Битола, 7 Берово, 6 Куманово, 5 Прилеп, 4 Тетово и 3 Штип.

Изминатите 24 часа водениот талог во литри на метар квадратен изнсуваше: 8 Маврово, 6 Берово, 4 Попова Шапка, Пожаране, Тополчани, 3 Тетово, Д.Капија, Виница, Струмица, Дебар, Крушево, Ѓуриште, 2 Кр.Паланка, Охрид, Претор, Битола, 1 Прилеп, Штип, Пожар.

Минималните температури изнесуваа: -11 Попова Шапка, -6 Маврово, Крушево, -5 Пожар, -4 Ѓуриште, -3 Пожаране, -2 Берово, Дебар, Тополчани, -1 Кр.Паланка, Охрид, Претор, Виница, 0 Скопје-З.Рид, Тетово, Битола, Прилеп, Штип, 1 Скопје-Петровец, Струмица, Куманово, 2 Дојран, 4 Гевгелија.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1