ММС

Објавено на: 03/22/21 4:16 PM

Лајпциг во Стразбур ја пронајде замената за Упамекано

Најдобриот дефанзивец на екипата од источна Германија, од лето ќе ја промени средината и ќе се пресели во европскиот првак Баерн Минхен. Дајот Упамекано за повеќе од 40 милиони евра ќе стави потпис на договор со Баварците, а неговиот сегашен клуб не троши време во потрагата за негова соодветна замена.

По ангажирањето на младиот и талентиран централен бек, кој воедно може да ја покрива и левата бочна дефанзивна позиција, Јошко Гвардиол од Динамо Загреб, екипата предводена од Нагелсман ја засили одбраната за следната сезона со играчот на француски Стразбур, Мухамед Симакан.

Дваесетгодишниот фудбалер ќе го носи дресот на ланскиот полуфиналист од Лигата на шампионите во следните пет години, додека пак Лајпциг на Стразбур ќе мора да му исплати 18 милиони евра за неговите услуги.

-Го избрав Лајпциг бидејќи сметам дека тоа е клуб најдобар за мојата кариера. Овде ќе можам да се развивам на најдобар начин. Одвај чекам да заиграм во Бундеслигата, во Лајпциг и да ги запознаам моите соиграчи и навивачи, изјави Симакан.

Симакан за Стразбур има одиграно 44 компетитивни натпревари во француското првенство и куповите.

 

 

 

Фото:

sempremilan.com


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.