ММС

Објавено на: 03/22/21 2:10 PM

Забрани за камиони на патот Маврово-Дебар и Тетово-Попова Шапка

Забрана за тешки товарни возила има на патниот правец Маврово-Дебар, а на патот Тетово – Попова Шапка, освен за камиони, забраната важи и за автобуси, додека за останатите возила е задолжителна зимска опрема.

Авто мото сојузот на Македонија попладнево информираше дека укинати се забраните за камиони на планинските премини  Плетвар, Ѓавато, Буково, Стража, Пресека и патниот правец Струга – граничен премин Ќафасан.

На останатите патишта низ државата сообраќајот се одвива во зимски услови, по влажни коловози, со остатоци на кашест снег на коловозот.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.