ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 03/22/21 12:26 PM

Третиот бран на ковид 19 силно удри во Тиквешијата

Со третиот бран на коронавирус во Тиквешијата се бележат најголем број заразени и починати лица од почетокот на пандемијата. Анализата на бројките покажува дека од почетокот на март, заклучно до вчера, во тиквешкиот регион со вирусот се заразиле 1313 лица, а починале 30.

Во овој период, во Кавадарци има регистрирано вкупно 709 позитивни случаи, а 19 починати. 524 лица во Неготино, каде починале 10 лица, а 80 ковид позитивни за 21 ден во март има во Демир Капија, каде е евидентирано едно починато лице.

Според лекарите, вака високиот број на позитивни случаи се должи пред се на непочитувањето на превентивните мерки и честите групирања, но и на брзата трансмисија на британскиот сој на корона вирусот.

Дикректорот на кавадаречката болница, д-р Диме Коцев информира дека за разлика од претходно сега се почесто ковид одделите се полнат со млади пациенти кои се зависни од кислород, но и покрај тоа, младите и понатаму ги игнорираат последиците од вирусот и ги полнат кафулињата, без воопшто да ги почитуваат основните мерки за заштита.

-Најмногу од хоспитализираните пациенти се на возраст од околу 40 до 50 години, возрасната граница е поместена. Во вчерашниот ден ни починаа тројца пациенти, а завчера имавме црн рекорд со дури пет починати. Медицинскиот персонал на ковид одделите е преморен, но никој не се жали, вели д-р Коцев.

Од почетокот на пандемијата во Кавадарци се евидентирани вкупно 4093 позитивни, а во моментов активни се 645 случаи. Во Неготино вкупно 1767, а активни се 448 случаи. Во Демир Капија активни се 79 случаи, а вкупно од почетокот на пандемијата се дијагностицирани 322 случаи.

 

 

 

Ангел Данов


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1