ММС

Објавено на: 03/22/21 10:47 AM

„Титаник” одложен поради изолација на член на Судечкиот совет, продолжува на петти април

Денешното рочиште за предметот „Титаник” се одложува поради издадено решение за изолација на член на Судечкиот совет, информираат од Основниот кривичен суд Скопје.

Според соопштението, одложено е и наредното рочиште предвидено за 29 март 2021 година, а следната расправа е закажана за 5 април.

Освен поранешниот премиер Никола Груевски, кој е во бегство, во „Титаник” обвинети се и Кирил Божиновски, Миле Јанакиевски, Гордана Јанкуловска, Билјана Бришкоска-Бошковски, Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристоски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Маријан Накески, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашајковска.

Тие се осомничени за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања.

Судењето за овој случај го води судијата Осман Шабани, додека обвинението го застапува обвинителката Лиле Стефанова.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1