ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 03/21/21 8:22 PM

Италијанските родители и деца протестираа против „непотребното“ затварање на училиштата поради коронавирусот

Илјадници италијански родители, деца и наставници протестираа на плоштадите против, како што велат, непотребното затварање на училиштата во обид да се спречи ширењето на коронавирусот.

Првите значајни протести против Владата се одржале на повеке од 35 плоштади ширум земјата, вклучително и на римскиот плоштат Пјаца дел Пополо и на централниот плоштад во Милано, пренесува „Ројтерс“.

Демонстрантите во Рим носеле капи, кои инаку учениците ги носеле кога ќе направат голем број грешки, со цел да го покажат влијанието кое затварањето на училиштата ќе го има врз образованието, додека пак во Милано пораките на учениците и плакатите биле потпрени на нивните училишни ранци кои биле поставени на земја.

Бројот на демонстранти сепак бил ограничен поради ограничувањата за собири поради коронавирусот.

Голем дел од италијанските училишта се затворени од 15. март, а учениците следат онлајн-настава.

 

Извор: Блиц.рс


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7