ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 03/18/21 5:54 PM

OJO отвори истрага за пронајдено оружје и муниција во Рашче

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи согласно член 396 став 1 од Кривичниот законик.

– На 17 март, во својот дом во селото Рашче, осомничениот 34-годишник држел полуавтоматски пиштол Застава М57 со калибар 7,62Х25 мм и 25 куршуми од тој калибар. Оружјето и муницијата му биле пронајдени и одземени при претрес на домот, се вели во соопштението од ОЈО.

Надлежен јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за определување мерка притвор поради опасност од бегство и можност осомничениот да го повтори делото.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7