ММС

Објавено на: 03/18/21 10:51 AM

Пандемијата го стресе и бизнисот на Трамп: Богатството му се намали за 700 милиони долари

Богатството на екс-американскиот претседател Доналд Трамп за време на неговиот четиригодишен претседателски мандат е намалено за околу 700 милиони долари – на 2,3 милијарди америкнски долари, според индексот на милијардери на Блумберг.

Корона-пандемијата ги погоди неговите бизниси со деловни згради, потоа десетината хотели, авионите, како и 19 терени за голф, пишува „Сободна Далмација“, пренесувајќи ја Хина.

Блумберг ја анализираше деловната документација на почетокот и на крајот на неговиот мандат за да го пресмета движењето на неговото богатство во изминатите четири години. Проценето е дека вредноста на неговата главна комерцијална недвижност паднала за 26 отсто.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1