ММС

Објавено на: 03/18/21 10:42 AM

Бидете благодарни и насмеани: Како до најдобрата верзија од себе?

Ако континуирано, свесно и активно секој ден правите по една ситница за да  изгледате подобро, да се усовршите на професионален  план, да му го разубавите некому денот или да научите нешто ново, тогаш вие со секој нов ден ќе бидете подобра верзија од себе!

Секоја промена почнува со мали чекори. Ветете си дека секој ден ќе работите на себе и ќе бидете подобра личност, од она што сте биле вчера. Секој ден правете по еден мал чекор за да ја остварите ваквата цел. Менувајте се себеси малку по малку. Резултатите нема да изостанат. Сите позитивни работи кои ќе ги направите денес, ќе ви се вратат директно или индиректно, иако за тоа можеби ќе бидат потребни месеци, па дури и години.

Наоружете се со информации

Денес кога има толку многу бесплатни информации за личен раст и развој, немате изговор да не работите на себе!.

Ако сакате да отидете чекор напред и да направите некоја значајна и долготрајна промена во својот живот, посетете некоја работилница, проследете некој мотиациски говор или поетете терапевт. Парите кои ќе ги инвестирате во себе се најдобрата инвестиција која може да ја направите, без разлика на тоа дали вложувате во свото образование, здрава исхрана, деловни вештини и така натаму.

Применете го она што сте го научиле

За трајна и значајна промена не е доволно да прочитате само една книга за личен раст и развој. Всушност, вие треба да го применувате постојано она кое сте го научиле и секој ден да работите на себе, да се менувате себеси чекор по чекор. Не е едноставно, но на долг рок тоа е исплатливо. Еден ден ќе бидете горди на себе и благодарни на животот кој го живеете.

За да го промените својот живот, важно е да донсете одлука дека веќе нема  да имате толеранција кон она што го спречува вашиот напредок. Донете одлука дека секој ден ќе се будите со насмевка на лицете, а навечер ќе си легнувате со благодарност за се’ она што сте го живеале во текот на денот. Донесете одлука дека ќе го сакате својот живот и дека ќе бидете вистински среќни.

 

Извор:          krenizdravo.hr


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1