ММС

Објавено на: 03/18/21 10:53 AM

Рајските дестинации за евтини пари како никогаш досега – Од 420 евра за Дубаи, Малдиви и Сејшели

Сакате да патувате на егзотични дестинации, оваа прилика е идеална за вас. Летувајте на најпосакуваните дестинации од соништата кои вредат да се посетат до мај — Хургада, Дубаи, Малдиви, Сејшели по никогаш поевтини цени.

Љубителите на Хургада знаат дека пливањето во Црвеното Море започнува во април. Затоа многумина и не губат време и ги користат веднаш поволните цени на аранжманот.

Без разлика дали уживате на плажа или на  базени во  многу хотелски комплекси со богата забава, дефинитивно ќе уживате на одморот во тие  6, 8, 10 или 11 дена.

Од Србија летот до Хургада е подготвен за полетувања во април.Цената на пакет аранжманот за 6 ноќевања чини 420 евра, за 9 ноќевања 465 евра, и за 10 ноќевања 480 евра.

Цената секако вклучува авионски транспорт, даноци на аеродром, сместување во избраниот хотел со задолжителна услуга all inclusive, трансфер, помош од локален водич во Хургада.

За мајските поаѓања српските туристички агенции имаат организиран и чартер-лет за: 15.08.22/29 мај. Другите датуми можете да ги видите во понудата за МАЈ – Хургада.

И оние кои патуваат специјално за велигденските и првомајските празници, ќе одлучат за едно од поаѓањата: 27/28/30 април; 1-ви мај.

Исто така треба да се напомене дека за заминување на овие дестинации потребно е негативен PCR тест.

Здравствено патничко осигурување е задолжително и мора да има покритие за КОВИД 19.

Следна дестинација со евтини цени е Дубаи. За да престојувате во Дубаи девет дена ќе потрошите 689 евра за делукс соба.

ВО месец мај цената на аранжманот е по ниска и изнесува од 519 евра по лице.

Во текот на изминатите неколку години, Малдивите беа исклучително посетена дестинација.

Одморите на плажа, како и понудата на хотели и аранжмани ќе ве инспирираат да се радувате на претстојните летни денови.

За десет дена на Малдивите ќе потрошите само 940 евра за хотел со три ѕвезди, а доколку сакате малку полуксузно, хотел со четири ѕвезди на Малдивите ќе ве чини 1120 евра.

Во цената е вклучено авионски карти, такси, сместување во двокреветни соби, трансферите и таксите во хотелот.

Архипелаг на легендарната убавина – СЕЈШЕЛИ

На оваа рајско место за десет дена со престој од 7 ноќевања ќе ве чини 1090 евра по лице, што е вклчено: авионски карти, трансфер, сместување, аеродромски такси, такси во хотелите кои имат три ѕвезди. А во хотелите со четири ѕвезди ќе ве чини од 1590 евра, а со пет ќе ве чини од 1760 евра.

Izvor i foto> Kurir.rs

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.