ММС

Објавено на: 03/17/21 12:12 PM

Латинска Америка: Рекордни 2.841 починат во Бразил од последиците на Ковид-19

Новиот тип коронавирус (Ковид-19) продолжува да одзема голем број животи во земјите на Латинска Америка, при што во Бразил е забележана рекордна бројка на починати на дневно ниво од почетокот на пандемијата во земјата, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Во последните 24 часа од последиците предизвикани од новиот тип коронавирус во Бразил починаа 2.841 лице, 175 во Мексико, 202 во Аргентина, 125 во Колумбија, 153 во Перу, 17 лица во Чиле, 23 во Боливија, 21 во Гватемала и 37 во Парагвај.

Според податоците објавени од Министерството за здравство на Бразил, во последното деноноќие во Бразил починале 2.841 лице заразени со Ковид-19, со што вкупната бројка на лица што починаа од коронавирусот се зголеми на 282.127.

Ова претставува највисока бројка на починати како последица на заразеност со коронавирусот на дневно ниво од почетокот на епидемијата во земјата.

Бројката на лица кај кои во последните 24 часа е детектиран Ковид-19 изнесува 83.926, зголемувајќи го вкупниот број позитивни на коронавирусот на 11.603.535.

По Соединетите Американски Држави (САД) и Индија, Бразил е трета земја во светот според бројката на лица позитивни на коронавирусот, а се наоѓа на 2. место според бројот на починати. Во оваа земја досега оздравеа 10.204.541 лице претходно позитивни на Ковид-19.

– Мексико

Министерството за здравство на Мексико соопшти дека во последните 24 часа во земјата починале 175 лица заразени со коронавирусот, а детектирани се 1.278 новозаразени.

Во Мексико досега се регистрирани 195.119 смртни случаи, бројката на заболени изнесува 2.169.007, а досега оздравеа 1.716.135 лица позитивни на Ковид-19.

Мексико, со популација од 126 милиони жители, се наоѓа на 13. место во светот според бројот на лица позитивни на Ковид-19, а на 3. место според бројот на починати на листата што ја објавува интернет-страницата „Worldometers“, која секојдневно ги ажурира податоците поврзани со пандемијата на коронавирусот во земјите од светот.

– Аргентина

Министерството за здравство на Аргентина информираше дека во последното деноноќие починале 202 лица од последиците предизвикани од Ковид-19, со што вкупната бројка смртни случаи во земјата се зголеми на 54.036. Во истиот период детектирани се 8.235 новозаразени, со што вкупниот број лица позитивни на коронавирусот се искачи на 2.210.121.

Во Аргентина, која има 45 милиони жители, досега оздравеа 1.998.594 лица заразени со коронавирусот.

Иако Аргентина спроведе многу долг карантин како превенција од ширењето на коронавирусот, сепак оваа земја според бројот на лица позитивни на вирусот се наоѓа на 12. место во светот.

– Колумбија

Според информациите што ги објави Министерството за здравство на Колумбија, во последните 24 часа од Ковид-19 починале 125 лица, зголемувајќи го вкупниот број смртни случаи на 61.368.

Во последните 24 часа детектирани се 3.716 лица позитивни на коронавирусот, зголемувајќи го вкупниот број на заразени со вирусот на 2.309.600. Во оваа земја досега оздравеа 2.209.224 заразени со Ковид-19.

Колумбија, која брои популација од околу 50 милиони, е 11. земја во светот според бројката на заразени со Ковид-19.

– Перу

Според информациите што ги објави Министерството за здравство на Перу, во последните 24 часа починале 153 лица од последиците предизвикани од коронавирусот, а детектирани се 4.878 новозаразени.

Во оваа земја вкупниот број заразени се зголеми на 1.427.064, од кои починаа 49.330 лица, а оздравеа над 1.338.478 лица кај кои бил детектиран коронавирусот.

– Чиле

Министерството за здравство на Чиле соопшти дека во последните 24 часа починале 17 лица од последиците предизвикани од коронавирусот, зголемувајќи ја вкупната бројка на смртни случаи во оваа земја на 21.789.

Во истиот период регистрирани се нови 4.551 случај на заразеност со Ковид-19, зголемувајќи го вкупниот број лица позитивни на коронавирусот на 900.782, а оздравеа вкупно 845.712 лица претходно заразени со коронавирусот.

– Боливија

Министерството за здравство на Боливија соопшти дека во последните 24 часа се детектирани 23 смртни случаи предизвикани од заразеност со Ковид-19, а бројката на новозаразени изнесува 929.

Вкупниот број на заразени во оваа земја изнесува 260.988, додека бројката на смртни случаи предизвикани од Ковид-19 се зголеми на 11.997. Досега оздравеа 206.586 лица позитивни на коронавирусот.

– Гватемала

Според податоците што ги објавија медиумите во Гватемала, во изминатите 24 часа регистрирани се 21 смртен случај предизвикани од заразеност со Ковид-19, зголемувајќи ја вкупната бројка на починати на 6.599. Во истиот период детектирани се 971 новозаразен, вкупно 183.985 од почетокот на заразата.

Досега во оваа земја оздравеа 169.149 лица кои претходно биле позитивни на коронавирусот.

– Парагвај

Според податоците што ги објави Министерството за здравство на Парагвај, во последните 24 часа во земјата се регистрирани 37 смртни случаи како последица на заразеност со Ковид-19, со што вкупниот број на починати во оваа земја се зголеми на 1.934.

Вкупниот број на заразени во оваа земја изнесува 183.348, додека бројката на смртни случаи предизвикани од Ковид-19 се зголеми на 3.554. Досега оздравеа 152.280 лица позитивни на коронавирусот.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1