ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 03/16/21 5:38 PM

„Остани ѓубре до краја“ Бора и ја посвети на оваа жена: Манекенка која го оставила после шест месеци

Еден од најпознатите песни на „Рибља чорба“ која ја знаат сите е „Остани ѓубре до краја“, но она што многумина не го знаат е дека Бора Ѓорѓевиќ и ја посветил на една од најпознатите југословенски манекенки, Билјана Невајди Шевиќ.

Тие двајца уживале заедно во љубовта околу шест месеи, а потоа Билјана му се јавила на фронтменот на „Рибља чорба“ да се збогува, бидејќи одлучила да го продолжи својот живот во Сараево.

 

Posted by Biljana Nevajda on Среда, 01 мај 2019

Билјана била една од најубавите лица во 70-тите, една од најбараните девојки кои во Југославија работеле со полна пареа. Во светот на манекенството влегла поради својата висина, пред тоа се занимавала со гимнастика, а во 1968 година зачекорила во светот на модата. Инспирирала и некои од креациите за Кристијан Диор.

Во меѓувреме и се променил животот, се осврнала на работата во угледнa галеристка, станала среќно омажена мајка, денес и баба.

Билјана е горда на се што поминала низ животот, а фактот дека за Бора Ѓорѓевиќ била фатална – тогаш не го сфатила.

 

Posted by Biljana Nevajda on Понеделник, 15 април 2019

Бора и Билјана се запознале во редакцијата на тогашниот весник „Нада“ на собир кој бил посветен на жените на амбасадорите, а на истиот Билјана била гостинка. Додека ја пеел „Лутка са насловне стране“ Бора за прв пат ја здогледал Билјана. Поминале десеттина дена, а Ѓорѓевиќ бил во Сплит. Била и Билјана па разговарале и рокерот потполно полудел за убавата манекенка.

Врската им траела шест месеци, а Билјана во една прилика открила за медиумите дека на Бора никогаш потполно не му верувала, па одлучила да го остави. Во тој момент се заљубила во друг, па го напуштила и Бора и Белград. Се отселила во Сараево и животот и отишол во некој друг правец, се омажила и добила дете.

-На прв поглед тоа „ѓубре“ ми звучеше малку грубо, но кога сфатив дека „ѓубре“ е всушност една опасна, феноменална личност од која е разочаран, а таа немилосрдно го оставила, дефинитивно ми се допадна песната.. Но тоа беше се. Во тој момент не редизвика никаков потрес во мене. Се сеќавам дека бев рамнодушна и кога таа ја пуштаа на мојата свадба. Воопшто не ме допре, рекла таа.

Извор/Фото: Мондо.рс


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1