ММС

Објавено на: 03/16/21 12:15 PM

Синоќа откриени 15 мигранти во товарен воз

Синоќа 22.20 часот во Полициската станица „Табановце-железнички“, вработен во Македонски железници пријавил дека во контејнер од товарен воз, кој сообраќал на релација Грција-Романија, забележал 15 лица за кои се сомневал дека се мигранти.

 Полициски службеници извршиле преглед и констатирале дека 13 лица се од Авганистан и две од Пакистан. Лицата се сместени во Транзитен камп „Табановце“ за понатамошна постапка, соопштуваат од МВР.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.