ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 03/15/21 8:52 PM

Зидан: Шпекулациите за враќање на Роналдо во Реал Мадрид би можеле да бидат точни

Елиминацијата на Јувентус од Порто во 1/8 финалето од Лигата на Шампионите повторно ги разбуди шпекулациите поврзани со иднината на еден од најдобрите светски фудбалери.

Кристијан Роналдо, барем во проекциите на семејството Ањели беше доведен за 100 милиони евра од Реал Мадрид пред веќе три сезони, со единствена цел – трофеј во Лигата на Шампионите. Јувентус претходно во два наврати загуби во финалињата предводен од Алегри против Барселона и Реал Мадрид, а „ушкото“ останува „болка“ на црно-белите и трофеј кој недостасува долго време во клупските ветрини.

Но, наместо нова завршница, Јувентус во изминатите три сезони во најдоброто европско клупско натпреварување испаѓаше уште на стартот во нокаут-фазата од Ајакс, Лион и Порто. Незадоволството помеѓу фан-базата и неубедливата форма и позиција во Сериа А, се пренесе и кај Португалецот. Тој викендов против Каљари уште во првото полувреме постигна хет-трик и накратко ги замолчи критичарите, но според неговите блиски и шпанските медиуми, отворен е за враќање во Мадрид и напуштање на „старата дама“.

Тренерот на Реал, Зинедин Зидан, во пресрет на реванш дуелот со Аталанта ги коментираше гласините кои допреле до него. Французинот исто така е отворен за враќање на асот на „Сантијаго Бернабеу“, несакајќи дополнително да коментира со оглед на тоа дека Роналдо сепак е играч на друг тим.

-Дали шпекулациите за враќање на Роналдо во Реал Мадрид се точни? Да, би можеле да бидат. Но знаеме дека Роналдо е играч на друг тим и тоа мора да го почитуваме. Ќе видиме што ќе донесе иднината, изјави Зидан за „Skysports“.

Во 438 настапи за „кралскиот клуб“, Роналдо постигна 450 погодоци.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1