ММС

Објавено на: 03/15/21 1:38 PM

Османи: Очекувам дека до крајот на овој месец ќе стигне и првата количина преку КОВАКС механизмот

Министертсвото за надворешни работи беше вклучно во процесот за набавка на вакцините од самиот почеток, вели министерот Османи, меѓутоа очигледно Европската Унија има проблем со доволниот број набавки на вакцини. Министерот Османи рече дека до крајот на овој месец се очекува да пристигне првата пратка на вакцините преку КОВАКС механизмот.

„На секоја моја посета го покренувам прашањето за обезбедување вакцини, но и преку личните контакти кои што ги имам преку министрите за надворешни работи. Дел од иницијативите кои се покренати и кои се во тек за снабдување на државата се  резултат и од тие контакти. Меѓутоа очигледно Европската унија, светот има воопшто проблем со доволните количини со продукција на вакцини, а со тоа и постигнување на побарувачката на државите за доволен број на вакцини. Очекувам јас дека до крајот на овој месец ќе стигне и првата количина преку КОВАКС механизмот и со тоа ќе влеземе во еден процес на вакцинирање со една друга динамика“, изјави Османи.

На новинарско прашање што се случува со деблокирање на Собранието, министерот рече дека тоа не е во надлежност на МНР меѓутоа како што рече Османи секој обид за блокирање на Собранието, е блокирање на гласот на граѓаните.

„Секој обид за блокирање на Собранието е блокирање на гласот на граѓаните во управуавње со политиките во земјата. И не мислам дека е било чиј интерес политички партии преку блокирање на Собранието, д аго блокираат гласот на граѓаните. Сите институции се концентрирани да се менаџира пандемијата, да се надмине, економската криза, најмалку граѓаните се заинтересирани за политички игри“,изјави Османи, кој додаде дека треба да се озвозможи нормално функционирање на Собранието за да може институциите да се фокусираат на менаџирање на пандемијата и економските последици, секој друг чекор не е во полза на граѓаните, рече Османи.

Г.Д


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.