ММС

Објавено на: 03/15/21 11:28 AM

(Видео) Греми 2021- Триумф на Бијонсе, скандал за ќерка и Блу Ајви

 

Синоќа во Лос Анџелес, Калифорнија, САД, се одржа 63-то доделување на музичките Греми награди. Врвот на доделувањето беше Бијонсе, која беше номинирана во девет категории, но награда освои во четири,  награда за најдобра ар-ен-би изведба „Black parade“, рап-изведба, за дуетот „Savage“ со Меган ди Сталион, најдобра рап-песна и најдобро музички видео и филм, за „Brown skin girl”.

Другите награди ги освоија Тејлор Свифт за албум на годината, за компилацијата „Фолклоре”, а ова е нејзина трета награда во оваа категорија,  Били Ајлиш во категоријата најдобар спот, за песната „Everything I wanted” , а за  песна на годината  беше прогласена „I can’t breathe” во изведба на  Дернст Емил, Х.Е.Р. и Тијара Томас.

За најдобар нов изведувач е прогласен Меган ди Сталион,  наградата за најдобар поп-албум ја доби Дуа Липа и „Future nostalgia”,  најдобар албум со денс и електронската музика, е „Bubba” на Кејтранда, додека најдобар рап-албум е „King’s desease” на Нас. За најдобри рок-изведувачи се прогласени Фиона Епл и Боди Каунт, а најдобра рок-песна е „Stay high” на Британи Хауард.

Скандал на доделувањето предизвика и наградата на едно дете, кое всупност не е обично, туку ќерката на Бијонсе, Блу Ајви, која се појавува во видеото кое беше прогласено за најдобро.

Ова Греми ќе остане запаметено и по тоа што поголемиот дел од номиринаните се уклууваа онлајн од дома, додека други ја бојкотираа наградата, поради скандалот што се случи минатата година, кога некои пејачи се побунија против голем број мажи меѓу номинираните изведувачи.

„Дури и забранувам номинации, јавно го велам тоа сега“, рече Викенд пејачот, а неколку месеци потоа Кање Вест објави видео во кое ја фрла својата Греми награда во тоалетот, а потоа уринира врз неа!

Фото: bbc.com


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1