(Видео) Како од песната „Земјо Македонијо“ се роди „Од Вардара па до Триглава“?
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 01/28/23 7:00 PM

(Видео) Како од песната „Земјо Македонијо“ се роди „Од Вардара па до Триглава“?

Познатиот југословенски композитор Милутин Поповиќ Захар, кој е позат по големи хитови и по тоа што ја создаде Лепа Брена, во мега интервју за српски Курир, раскажува и за тоа како се родила песната „Од Вардара па до Триглава“. Речиси и да не се знае дека идејата за таа песна се родила од Александар Сариевски. Еве што меѓу другото вели Захар:

-Што се однесува до моите песни, работата е ова. Тука, пред сè, „Од Вардара па до Триглава“ да пее на српски јазик. Таа се роди кога Сариевски му донесе на Данило Живковиќ песна која се викаше „Земјо Македонијо“ и бидејќи не поминуваше, го замоли малку да ја преправи и да ја направи на срски јазик за да се пее.  Имав еден мал транзистор со касетофон и ја слушав таа песна, но не ми се допадна. Ми текна: зошто да не напишам нешто за Југославија? И тогаш нешто кликна на мене! Во секунда, ги напишав и музиката и текстот.

Ја оставив Вера Ивковиќ да пее, но и Данило, бидејќи тој ми ја даде лентата. Песната прво беше прогласена за глупост, за шунд,  Данило сакаше да ме тужи затоа што го натерав да пее. Сепак, тој беше трубач во оркестарот што ја снимаше песната, тој исто така беше во Домот на АРМ во воениот оркестар што му свиреше на Тито на Бриони. И тој во момент на расположение, таа снимка му ја подари на Тито, кој одеднаш рече дека е убава песната, дека ни требаат такви песни. Преку ноќ не беше глупост туку најдобра песна. Данило го искористи тоа и бидејќи беше претседател на Здружението на автори каде што ја доставив песната, го додаде своето име пред моето, што значи дека тој е коавтор на музиката. Тој доби слава, пари и одликување, а јас ништо. Потоа ја напишав „Да живее Југославија“, која беше прогласена за една од најубавите песни. Ја отпеаја Лепа Брена и Мирослав Илиќ. Сто илјади луѓе во Букурешт заедно ја испеаја таа песна. Последното нешто што го направив во Југославија беше песната „Еј, Југословени“, ја отпеа Дорис Драговиќ, првиот запис што го сними сама. Така скапо ме чинеше тоа југословенство. Знаев дека по трет пат е или среќа или ќе пропадне. За жал, сè не успеа. Не успеа и мојата национална пензија, која дебело ја заслужив.

 

Извор и фото: kurir.rs


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7