ММС

Објавено на: 03/13/21 5:53 PM

Во пад на воен авион во Казахстан загинаа четири лица

Четири лица загинаа, а две лица се повредени во пад на воен авион во Казахстан, јавува Агенција Анадолија (АА).

Во соопштението од аеродромот во Алмати се наведува дека авионот „Ан-26“, што летал на релацијата Нур Султан – Алмати, исчезнал од радарот во 17:20 часот по локално време. Се наведува дека авионот на Граничната служба на Управата за разузнавачки работи на Казахстан паднал во текот на принудното слетување.

Во авионот се наоѓале шест лица, од кои четири лица загинаа, а две повредени лица се хоспитализирани.

Одделот за вонредни ситуации во Алмати упати екипа на терен за да ја утврди причината за несреќата.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1