ММС

Објавено на: 03/12/21 5:02 PM

Крис Вајлдер го напушта Шефилд Јунајтед

Во сенка на Јурген Клоп, но веројатно и најдобриот менаџер во Премиер Лигата за изминатата сезона, Крис Вајлдер, по пет години го напушта кормилото на Шефилд Јунајтед, пренесува „BBC Sport“.

До ланската пауза поради пандемијата на коронавирусот, „сечилата“ беа неверојатни, играа добар фудбал и се наоѓаа на местата кои водат во европските натпреварување. Откако сезоната 2019/20 се рестартираше, Шефилд Јунајтед „заборави“ да игра фудбал, а лошата форма ја пренесе и во новата кампања.

Шефилд уште по првите 10 кола најави дека е главниот кандидат за испаѓање во Чемпионшип и во моментов се наоѓа на последната позиција оддалечен 13 поени од безбедната зона.

Нивната прва победа дојде дури во 18-то коло на 12 јануари против екипата на Њукасл.

Засега не се познати кандидатите кои ќе го заменат Вајлдер на тренерската позиција.

 

 

 

Фото:

thisisanfield.com


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1