По продолжениот рок ќе се дооткупи вишокот тутутн, а тутунарите да произведат колку што пишува во договорите за новата реколта
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 03/10/21 5:08 PM

По продолжениот рок ќе се дооткупи вишокот тутутн, а тутунарите да произведат колку што пишува во договорите за новата реколта

Собраните ги донесе измените и рокот за откупот на тутунот е продолжен до 31 март и ќе се дооткупат околу 1.500 тони вишок од ланската реколта. На повидок е решение кои компании ќе го преземат и ќе нема неоткупен ниту лист тутун, уверуваат од Сојузот на земјоделските здруженија, од прилепското и долненското здружение и од Асоцијацијата на земјоделци.

Според Злате Даноски, претседател на здружението „Мице Козар” од Прилеп, потребно е само тутунарите да имаат и трпение.

– Задоволни сме што се продолжи рокот за откупот до крајот на месецов. На повидок е решение кои компании и како ќе го откупат. Во постојана комуникација сме со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и ќе нема проблем, вели Даноски.

И Муса Ибраимоски од здружението „Златен лист” од Долнени уверува дека ќе се преземат количествата, зашто во Долненска општина имаше и најголеми проблеми.

– Откупувачите ќе го преземат сиот тутун во овој продолжен законски рок. Ќе има 10 пунктови за да се преземе тутунот, а ние како Сојуз на земјоделски здурженија, заедно со Инспекторатот ќе помогнеме, рече Ибраимоски.

Задоволни се и од Асоцијацијата на земјоделци. Претседателот на Асоцијацијата Перо Стојкоски потсетува и на склучувањето договори за новата реколта кое е во тек зошто почнува расадопроизводството, а на тутунарите им е неопходен семенскиот материјал што го добиваат со склучените договори. Апелира да се произведе онолку колку што пишува во договорите зашто секој вишок ќе биде проблем и никој ќе нема обврска да го преземе. Новата реколта се заокружува на 21.000 тони. Досега, велат тутунарите, се склучени 40 отсто од договорите.

-Тутунарите да произведат онолку колку што пишува во договорите зашто ќе се доведеме во ситуација кој да го преземе вишокот, но сега никој ќе нема обврска за тоа. Затоа апелирам тутунарите што побрзо да ги добијат договорите, да видат на колкави количества род им се склучени. Баравме да не се склучуваат договорите додека не се донесат измени на правилникот за тутун и повисоки цени, но не може никој да им забрани на производителите да склучуваат договори. Само да внимаваат на произведените количества, а понатаму ќе има простор за нови цени. Реколтата е проектирана на околу 21.000 тони и плус-минус оние 10 отсто во зависност од годината колку ќе роди. Тоа е најава за новата реколта, очигледно со потребите на откупувачите и на побарувачката на пазарот. Дополнително треба да разговараме со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во случаите на преориентација на производители за друго производство, да има поддршка, вели Стојкоски.

За утре тутунарите при Иницијативниот одбор најавија протест и блокада на патот на излезот од Прилеп за откуп на вишокот тутун и за повисоки субвенции.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7