„Тајфата“ со љубовна балада им го честита 8-ми Март на понежниот пол
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 03/9/21 1:53 PM

„Тајфата“ со љубовна балада им го честита 8-ми Март на понежниот пол

Музичкиот бенд “Тајфата” на својот јутјуб канал ја промовираше новата песна и видео запис за својот најнов производ “Љубов без крај”.

Песната е балада и според вокалот на бендот Владимир Богески целта на денешното објавување на истата е да им го честитаат празникот 8-ми Март на сите припаднички на понежниот пол, согласно можностите кои што ги има во оваа ковид пандемија.

” Денес премиерно ја објавуваме нашата нова балада “Љубов без крај” која што е снимена во студиото ” Р мјузик студиo – Рубин Димкоски”, а додека за видео записот се изработен од продукција” Тајфата” заедно со ” Фан продакшн-Зоран Пилата. Симболично го одбравме 8-ми Март со цел да им го честитаме празникот на припадничките на понежниот пол за време на оваа пандемија” рече Богески.

Музиката е на Владимир Богески, текстот е на Сара Пројковска, аранжманот е на Рубин Димкоски и Владимир Богески.

Вокал: Владимир Богески, бек вокали Викторија Стојческа и Маја Црвенкоска, звуците на пиано ги отсвири  Александар Тренчовски, а саксафонот е во изведба на маестро Живко Чиртоски и гитара Рубин Димкоски.

Во продолжение да ја слушнеме одличната балада на “Тајфата” вашето мислење можете да го напишете во коментар.

 

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7