ММС

Објавено на: 03/7/21 9:54 PM

Туристичка атракција: Лет над Чернобил

Бидејќи панемијата Ковид-19  паузираше и „паркираше“ голем број летови, многу авиокомпании излегоа со „летови што не одат никаде“.

Во Јапонија, Сингапур и Австралија, едночасовните или двочасовните летови претежно низ земјата, со враќање на почетниот аеродром, станаа многу популарни меѓу луѓето кои сакаат да летаат.

Иако ваквите летови на многумина им звучеа смешно, тие имаа своја клиентска база, што придонесе за активирање на летовите за да се види термоцентралата во Чернобил.

Летовите над Чернобил ќе траат еден час и 10 минути

Во Украина, националната авиокомпанија Украина Интернешнл одлучи да започне летови над Чернобил.

Во соопштението на авиокомпанијата се наведува дека е во согласност со „зголемените барања на нејзините сакани патници“ да понудат „лет за никаде“ на мала надморска височина над Киев и до зоната на катастрофата во Чернобил.

Првиот лет над Чернобил се одржа денеска на 7 март, а сите места веќе биле распродадени. Новиот лет е закажан за 13 март. Патувањата ќе бидат извршени со авион Ембраер 195, авионот ќе лета на надморска височина од 900 метри, над реката Днепар, кон Чернобил, пренесува Травел магазин.

Зоната во Чернобил сè уште има значителна количина на зрачење, но се чини дека никој не се грижи за мерките на претпазливост. Засега е непознато што ова може да значи за патниците. Чернобил е на околу 100 километри северно од Киев, од каде заминува летот.

За љубителите на авијацијата, леталото ќе прелета и над Државното претпријатие Антонов лоцирано во близина на Киев, домот на Ан-225 Мирија, најголемиот авион во светот со товар.

Патувањето се очекува да трае околу еден час и десет минути.

Преземено од: https://www.b92.net/


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1