ММС

Објавено на: 03/6/21 8:06 AM

Времето денес променливо облачно со силен ветер од над 70 километри на час

Променливо облачно, од наутро во западните, а потоа и во северните делови ќе има повремен локален дожд, а на планините снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер (понекаде со брзина од над 70 км/час). Ветерот ќе биде најизразен долж пошироко Повардарие и на повисоките места. Максималната температураќе достигне од 9 до 17 степени.

Во текот на ноќта се зголемуваше облачноста и претежно во западните делови и на повисоките места имаше умерен западен ветер. Утринава е облачно со умерен до силен северен ветер проследен со слаб дожд. Утринава најсилен е ветерот на повисоко во Скопската котлина, а врнежи од дожд имало во Крушево, Тополчани и Охрид.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.