ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 03/5/21 8:30 PM

Грчката економија регистрира пад од 8,2 процента во 2020 година

Грчката економија доживеа пад за 8,2 процента во 2020 година како резултат на ефектот од епидемијата на новиот вид коронавирус (Ковид-19), пренесува агенцијата Анадолија (АА).

Според податоците на Институтот за статистика на Грција (ELSTAT), Бруто домашниот производ (БДП) на земјата во 2020 година е утврдено дека изнесува 168,5 милијарди евра, што значи дека е намалена за 8,2 проценти во споредба со претходната година.

Бруто домашниот производ на Грција во 2019 година изнесуваше 183,6 милијарди евра.

Според податоците на Институтот за статистика на Грција, извозот на стоки и услуги се намалил за 13,4 проценти во 2020 година во споредба со последниот квартал од 2019 година, а увозот паднал за 9,5 проценти.

Од друга страна, според податоците потрошувачките трошоци на семејствата се намалија за 5,2 проценти, а јавните расходи во земјата се зголемија за 2,7 проценти.

Експертите посочуваат дека земјата, чиј најголем приход зависи од туризмот, е под големо влијание на епидемијата на Ковид-19.

Грција е на трето место меѓу земјите со најлоши економии во Европската Унија, по Шпанија (минус 11 проценти) и Италија (минус 8,9 проценти).

И покрај осумгодишната програма за спасување на економијата, која заврши на 20 август 2018 година, Грција сè​​​​​​​ уште е меѓу земјите со најголем сооднос на јавниот долг кон БДП.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1