Состојбата со коронавирусот во Тиквешијата станува алармантна
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 03/5/21 5:23 PM

Состојбата со коронавирусот во Тиквешијата станува алармантна

Секојдневно се зголемува бројот на ковид позитивни пациенти во Кавадарци и во Неготино. Според бројот на жители, овде има и најголем број нови случаи. Во ковид-одделот на кавадаречката болница моментално се лекуваат 50 пациенти, а од денеска е подготвена и модуларната болница со 35 болнички кревети. Ќе биде ставена во функција веднаш штом се наполнат двата ковид оддели со вкупно 60 места.

„Доколку бројките го надминат нашиот капацитет, кога капациетот ќе биде загрозен на двата ковид оддели, ние донесовме одлука да се формира ковид одделение во модуларната болница и на тој начин да не дозволиме ниеден наш пациент да не остане не згрижен“ вели директорот на кавадаречката болница, д-р Диме Коцев.

Тој информира дека потрошувачката на кислород е огормна и посочи дека количината која претходно ја трошеле за еден месец, сега се троши во еден ден.

За навремено откривање на нови случаи се прават зголемен број на тестови.

„Тестираме на две пункта. Еден во здравствениот дом се закажува преку мој термин. На дневна основа 30 пациенти, а сите останати се тестираат во инфективната амбулатна која работи во две смени со персонал од четири доктори и 4 медицински сестри се со цел да одговориме на овој зголемен број на позитивни пациенти “ вели д-р Коцев  и додава дека состојбата со ширењето на вирусот станува се посериозна.

На ковид одделот се лекуваат пациенти на возраст од 17 до 84 години. Поради зголемениот број на нови ковид позитивни кризниот штаб на општина Неготино побара од републичкиот, да се прогласи карантин,  за да се спречи брзото ширење на вирусот.

Ангел Данов

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7