ММС

Објавено на: 03/5/21 2:59 PM

Лица што гатаат и растураат магии измамиле две жени во Штип и Кочани

Полицискиот билтен на СВР  Штип за изминатиот ден бележи две пријави за измама, една во Штип и една во Кочани. Две жени биле измамени на речиси идентичен начин и им бил одземен златен накит.

–  На 04.03.2021 во 10.10 часот во Полициската станица Штип, 50 – годишна жена пријавила дека на 03.03.2021 била измамена од две лица. Според пријавеното, лицата дошле во нејзиниот двор и под изговор дека знаат да гледаат, ја довеле во заблуда и ѝ одзеле златен накит, пишува во полицискиот билтен.

На истиот ден, но во 18.00 часот, во Полициската станица Кочани, 66 – годишна жена пријавила дека околу 16.00 часот била измамена од едно женско лице. Според пријавеното, лицето дошло во нејзиниот дом и под изговор дека знае да растура магии, ја довело до заблуда и ѝ одзело златен накит.

Од СВР Штип информираат дека се работи на расчистување на двата случаи.

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1