ММС

Објавено на: 03/5/21 2:06 PM

Истечените пасоши на нашите во странство ќе добијат продолжена важност преку законски измени

Мобилните тимови од МНР за издавање на пасоши за нашите иселеници, работат насекаде во Европа, но има проблем со Кина и со Австралија, призна министерот Бујар Османи.

Тој нагласи дека наши дипломати со мобилни тимови ги сликаат нашинците во странство за да им издадат нови пасоши, со што досега се издадени над 7 000 патни документи.

“Ако мобилните тимови отидат во Кина да ги сликаат нашите 12 државјани, ќе треба да бидат 30 дена во карантин. Затоа најдовме друго решение, Министервото за внатрешни работи да го продложи рокот на важноста на пасошите до крајот на годината, со измена на Законот, за да може граѓаните да ги искористат сегашните пасоши со изминат рок. Наједноставен начин е со законска измена да ја продолжиме важноста на пасошите на нашите граѓани до крајот на годината. Светот е во кризна ситуација и ние мораме да се адаптираме на кризните услови, изјави Османи и ги демантираше гласините дека имало проблеми со замената и издавањето на пасошите на нашите државјани во странство.

Орце Костов


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.